Барселона се соочува со огромен проблем на голманската позиција по тешката повреда на првиот чувар на мрежата, германскиот репрезентативец Андре тер Штеген за кој сезоната е завршена.
Во медиумите се споменуваат повеќе имиња за негова замена, едно од нив е и македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски, но тренерот Ханси Флик ги смири старстите покажувајќи доверба кон резервниот голман Ињаки Пења.
„Пред се морам да кажам дека имам потполна доверба во Ињаки Пења, кој се појави и се однесува професионално. Не само на подготвителните натпревари, туку и на тренинзите, многу добро се покажа. Имам потполна доверба во него“, вели Флик.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА