Преубедливиот пораз на Динамо Загреб на гостувањето кај Баерн Минхен со 9-2 се уште е тема на разговор за хрватската фудбалска јавност.
Последен кој го коментираше историскиот дебакл на хрватскиот тим беше и поранешниот тренер на „модрите“, Вахид Халихоџиќ според кој ваков пораз е и срамотно и комплицирано и траума која може да трае со години.
„Тоа е многу критично, кога ќе примиш девет голови. Не можам да сфатам како може некој да прими девет голови на еден таков натпревар па потоа и тој пораз од Белупо. Се тоа многу загрижува. Ви велам, не сум во соблекувалната да знам што се случува, но очигледно е нешто што воопшто не е добро.
Тоа е една траума која може да трае со години. Во Лигата на Шампионите да примиш девет голови, тоа е како што велам, голема срамота“, изјави искусниот 72-годишен стартег.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА