Шпанците во чудо: Како ова не е црвен картон за Реал Мадрид?

Големи полемики предизвика арбитражата на Муниз Руиз на натпреварот Реал – Алавес (3:2) во седмото коло од Ла Лига. Домаќините му замеруваат што им дал „премногу картони за приговори“ (три), додека гостите се бесни што не го исклучи младиот ас на Реал, Ендрик на седум минути пред крајот.

На видеото се гледа дека тој притрча и намерно со тврдо колено го удри својот ривал без топка. Муниз Руиз само му додели жолт картон, што на големо негодување на Алавес. Драматичниот исход само го зголеми нивниот гнев. Имено, во моментот кога Ендрик требаше да биде исклучен, Реал водеше со 3:0, но Алавес до крајот намали на 3:2. Гостите истакнуваат дека со играчо повеќе можеби ќе можат да направат неверојатен кам-бек против шампионите на Шпанија и Европа.

Но, не само Алавес смета дека Реал требало да остане таму со играч помалку. Ова го тврдат и судиски експерти од сите шпански медиуми, па дури и од Марка, кои традиционално го фаворизираат Реал. „Тоа не беше опасен удар, но тоа што беше упатен подалеку од топката или дуелот поради него може да се казни со исклучување. Инаку, судијата ова не го виде, но ВАР Фигуероа Васкез мораше да го извести за тоа“.

Се вчитува...