Ангеловски: Нема штедење, одиме да дадеме максимум против Динамо Букурешт

Тренерот на Еурофарм Пелистер, Бранислав Ангеловски пред утрешната пресметка против Динамо Букурешт на гостински терен, најави дека неговите играчи ќе го дадат максимумот, и покрај тоа што потоа им следува дерби со Вардар во македонскиот шампионат.

За Динамо, Ангеловски кажа дека се сериозна екипа, дека имаат одлични играчи, екипа во подем, и очекува секој од неговиот тим да го даде максимумот.

„Играме против сериозна екипа, екипа во која играат играчи кои настапуваа во Барселона, и не се случајни нивните две победи во првите две кола во ЛШ. Одиме со позитивна енергија, да дадеме максимум да видиме што можеме да направиме, и без разлика што играме за многу краток период со нашиот најголем ривал Вардар, не одиме да се штедиме, туку да дадеме максимум колку можеме во овој момент. Играме против тим кој исклучително напредува, Динамо Букурешт е државен проект, и не случајно за 8-9 години се шампиони на Романија, и одат скалило погоре секоја година. Беа во Ф4 на Лигата на Европа минатата сезона. Имаат голем рејтинг, стигнаа оваа година да играат во ЛШ, и самото тоа што го имаат Паксвал за тренер, ги имаат најдобрите романски играчи, и сето тоа што беше слободно, а има квалитет го земаа и навистина ќе биде тешко“, рече Ангеловски.

Се вчитува...