Георгиевски: Знаеме што значи дербито со Пелистер, ветувам дека Вардар ќе биде подготвен

Гоце Георгиевски е оптимист дека Вардар ќе успее да излезе како победник од саботното дерби против Е. Пелистер, меч закажан за 17:45 часот во СЦ „Јане Сандански“.

Двата тима се сретнаа минатиот месец во финалето од Струшкиот турнир, но десното крило верува дека овојпат Вардар ќе биде тимот што ќе се радува на крајот.

„Сите знаеме дека пред нас е најголемото дерби на Македонија. Можам да кажам дека како екипа се подготвуваме како и за секој друг противник. Знаеме што значи овој меч, така што можам да ветам дека ќе бидеме максимално подготвени. Се надевам дека ќе бидеме стопроцентно здрави, игравме со нив на Струшкиот турнир, но ова ќе биде сосема поинаква приказна. Верувам во позитивен резултат и ги повикувам нашите верни навивачи да не поддржат в сабота“, изјави Георгиевски на денешната прес-конференција.

Се вчитува...