Kошмар за Киелце: Душебајев во „аут“ до крајот на годинава

Киелце се соочува со огромен проблем на стартот од новата сезона откако Алекс Душебајев заработи повреда што дефинитивно е посериозна од првите лекарски прогнози.

Првите информации велеа дека најдобриот ракометар на Киелце ќе отсуствува неколку седмици, но новите прегледи донесоа сериозни проблеми за неговиот тренер и татко, Талант Душебајев. Имено, Алекс има сериозно оштетување на стомачните мускули поради што ќе мора целосно да мирува околу два месеца.

Неговиот камбек се очекува за најмалку три месеци, па речиси сигурно е дека десниот бек нема да се врати до крајот на оваа календарска година, а прашање е и дали тој ќе може да настапи за Шпанија на претстојниот ракометен мундијал во јануари 2025.

Киелце денеска ја пречекува Барселона во дерби дуелот од Лигата на Шампионите, домаќините покрај Алекс Душебајев не можат да сметаат ниту на Македа, додека кај каталонскиот гигант ќе недостига Дика Мем.

Се вчитува...