„Триколорите“ имаат нов селектор

Француската Кошаркарска Федерација експресно ги разреши дилемите околу селекторската функција по заминувањето на Винсан Коле, откако денеска за нов кормилар на националниот тим беше именуван Фредерик Фоту.

Станува збор за 51-годишен стратег кој денеска беше официјално претставен како селектор, потпишувајќи договор до крајот на олимпискиот циклус за ОИ во Лос Анџелес во 2028 година.

Фоту пред помалку од десет години беше тренер во третата француска лига, потоа се пресели во Асвел како помошен тренер на Паркер, а лани го водеше тимот на Бург, со кој стигна до финалето на Еврокупот каде што беше поразен од тимот на Париз.

За потсетување, Винсан Коле си замина од кормилото на „триколорите“ по ОИ во Париз, откако овој стручњак цели 15 години седеше на клупата на националниот тим.

Се вчитува...