Ѓорческа тргна со победа во Куршумлијска Бања

Лина Ѓорческа тргна триумфално на В72 турнирот што се одржува во Куршумлијска Бања откако македонската тенисерка рутински славеше на мечот против Луиза Мејер ауд дер Хајде од Германија со 2-0 во сетови.

Лина почна одлично и набрзина стигна до предност од 4-1, но Германката успеа да се врати и да го одведе првиот сет во тајбрејк. Во него сепак поумешна беше нашата тенисерка, славејќи со 7-5 и трасирајќи си го патот до следната рунда. Во вториот сет можеше да се проследи целосна доминација на Ѓорческа, која триумфираше со максимални 6-0.

Нејзина следна противничка ќе биде првата носителка Пана Удварди од Унгарија, 135. тенисерка на најновата ВТА-листа. Удварди денеска потешко од очекувањата триумфираше над Приморац од Хрватска со 2-1 во сетови.

Се вчитува...