Полскиот голман Војчек Шчесни ќе се врати од пензија за да да биде прв голман на Барселона која се најде во тешка ситуација по тешката повреда на Марк Андре тер Штеген за кој сезоната е завршена.
Шчесни објави крај на кариерата по крајот на сезоната 2023/24, но ситуацијата се промени откако доби повик од каталонскиот клуб, за кој како што самиот вели има преголема почит.
„Имам голема почит кон Барселона и нејзината историја. Тоа е еден од најдобрите клубови на светот. Размислувам за тешката ситуација во која се најдоа по повредата на Тер Штеген и мислам дека ќе покажев непочит доколку не ја размислив оваа опција“, изјави Шчесни.
Сега 34-годишниот голман во богатата кариера бранеше за Арсенал и Јувентус, а помина и три сезони на позајмица од кои една во Брентфорд и две во Рома.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА