Информацијата на шпанскиот медиум „Марка“ дека наградата „Златна топка“ за 2024 година ќе му биде доделена на асот на Реал Мадрид, Винисиус Џуниор предизвика лавина на реакции во светот на фудбалот.
Изборот го прокоментира и легендарниот Лотар Матеус, поранешниот германски фудбалер кој не се сложува со оваа одлука. Според него има два фудбалери кои повеќе ја заслужуваат престижната награда.
„Според мене Родри повеќе ја заслужи Златната топка од Винисиус. Беше мозок и лидер на репрезентацијата на Шпанија која стана шампион на Европа. Исто како и на Манчестер Сити кој ја освои Премиерлигата. Тоа се две титули освоени благодарение на неговото големо влијание и одлични игри. За мене тој беше извонреден оваа година.
Второто место треба да му припадне на Џуд Белингем. Како и Винисиус, и тој ја освои Лигата на Шампиони со Реал Мадрид, а беше и еден од најдобрите играчи на Европското првенство. На крајот, али не и најмалку важно, благодарение на неговите голови Англија стигна до финалето и стана вицешампион на Европа. Според тоа, на врвот на мојата листа се Родри, Белингем па потоа Винисиус“, вели Матеус.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА