Крај за Стефанос Циципас на турнирот во Токио

Грчкиот тенисер, Стефанос Циципас загуби во првото коло на АТП мастерс 500 турнирот во Токио од квалификантот Алекс Микелсен со 2-1, по сетови (4-6, 6-1 и 6-2).

Циципас сигурно го почна натпреварот, откако направи два брејка и се чинеше дека нема да има многу мака со Американецот. Микелсен врати еден брејк, но 12. играч на светот сепак го освои првиот сет. Сепак, до крајот гркот освои само три гејма што значеше лесна победа за американскиот тенисер.

Грчкиот тенисер нема победа на АТП турнејата од средината на август. Играше на Лејвер купот и таму го победи Танаси Кокинакис, но долго време се мачи на АТП турнирите.

Се вчитува...