Душан Влаховиќ не сака да го продолжи договорот со Јувентус

Душан Влаховиќ беше блиску до потпишување на нов договор со Јувентус, но во последните неколку дена односите се „заладија“.

Торинскиот клуб бил подготвен да му понуди договор на Влаховиќ на уште четири или пет години, но српскиот репрезентативец очигледно не бил задоволен од нешто. На претходната репрезентативна пауза Влаховиќ преговараше со Јувентус и работите одеа во добар правец, но преговорите прекинаа.

Српскиот интернационалец во претходниот натпревар беше заменет по 45 минути и очигледно е во пад на формата во моментов. Според италијанските медиуми, Влаховиќ повторно е поврзуван со Арсенал, кој има очајна потреба од напаѓач. Доколку наскоро не се постигне нов договор, Влаховиќ можеби ќе може да го промени клубот, градот и лигата во која настапува веќе оваа зима.

Се вчитува...