Поранешниот деветти пик на НБА драфтот Кевин Нокс наскоро би можел да го засили Голден Стејт Вориорс. Според американските медиуми, Нокс се согласил на едногодишен договор со Вориорс.
Минатата сезона играше за Детроит Пистонс, каде што за 18 минути на паркетот имаше просек од 7,2 поени. Нокс беше избран со деветтиот пик од Њујорк Никс во 2018 година и таму помина четири сезони. Потоа играше кратко за Атланта Хоукс, Детроит Пистонс и Портланд Трејл Блејзерс.
Следеше враќање во Детроит каде ја мина претходната сезона, но годинава е без ангажман.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА