Навивачите на омразените ривали ја запалија Џенова, на крајот триумфираше второлигашот (ВИДЕО)

Навивачите на Сампдорија и Џенова се судрија на мостот во Џенова во пресрет на натпреварот меѓу двата фудбалски клуба во Купот на Италија.

Навивачите ги нападнале полицајците, а тие меѓусебно фрлале факели, шишиња и други предмети. Натпреварите меѓу Сампдорија и Џенова се секогаш натпревари со висок ризик бидејќи тие се големи градски ривали.

Со оглед на тоа што Џенова е во Серија А, а Сампдорија во Серија Б, овој натпревар им беше единствениот дуел оваа сезона. На крајот на победата се радуваше Сампдорија која славеше по изведување на пенали, откако по 120 минути резултатот беше 1-1.

Се вчитува...