Раководството на Манчестер Јунајтед се подготвува да преговара за нови договори со двајцата млади фудбалери Коби Маино и Амад Диоало. Преговорите со Маиносе приоритетни како награда за 19-годишниот фудбалер за добрата игра, но и за истакнување на неговиот статус и важност во тимот.
Иако ниту една страна не брза да преговара, бидејќи договорот на фудбалерот истекува во 2027 година, со опција за продолжување на соработката за дополнителна година, што вклучува зголемување на платата во зависност од учинокот, постои решеност за продолжување на соработката.
Диало исто така полека но сигурно станува стандарден првотимец, а менаџерот Ерик тен Хаг го изостава од првиот тим само кога сака да го одмори.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА