Меси одлучил, кариерата ќе ја заврши во…

Аргентинскиот ас Лионел Меси по завршувањето на договорот би можел да ги напушти Интер Мајами и МЛС за да го исполни својот сон и да се пензионира во дресот на клубот во кој ја започна својата тешко повторлива кариера. Според Ел Национал, Меси би можел да премине во Њуелс Олд Бојс по следната година како слободен играч.

Тоа е клубот каде што Меси ги направи првите чекори, пред да замине во Барселона на 13 годишна возраст.

„Меси сака да се пензионира во клубот во кој прво играше, пред да замине како 13-годишник во Барселона“, се вели во текстот на „Ел Национал“.

Меси е под договор со Интер Мајами до 2025 година, но лесно може да се случи да се врати во Аргентина. Тој во 2016 година кажа дека доколку се враќа некогаш во Аргентина, тоа ќе биде само во Њуелс.

Се вчитува...