Фудбалерите на Бодо Глимт стигнаа до голема победа во Лига Европа откако славеа на домашен терен над Порто со 3-2 и тоа по целосен пресврт откако беа во негатива уште од осмата минута.
Во пресрет натпреварот фудбалерите на норвешкиот тим беа приморени на едно од најкратките патувања во автобус во историјата.
Имено, поради правилата на УЕФА, тимовите во европските натпреварувања мораат заедно да пристигнат на стадионот па така фудбалерите на Бодо/Глимт тргнаа со клупскиот автобус во 17 часот и 5 минути, а минута подоцна по изводени 220 метри се најдоа пред стадионот „Аспмира“.
„Во ред е. Кажано ни е дека мораме така па не се трудиме да го менуваме тоа. Го паркирам автомобилот пред автобусот, влегувам во него и се подготвувам за натпревар. Смешно е“, изјави Хауге.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА