Инцидент и на стадионот на Башкими: Судиите попречувани да влезат во соблекувалните, па оштетено нивното возило

Немало „трето полувреме“ само на натпреварот во Неготино, помеѓу Вардар и Охрид, туку и во Куманово, на стадионот на ФК Башкими. Според МВР, биле сопрени судиите да влезат во соблекувалните, а потоа било оштетено и новото возило.

По завршувањето на натпреварот Башкими – Беласица (1-1), од непознати лица судиите биле попречени да влезат во соблекувалните. Потоа арбитрите забележале дека возилото на еден од судиите било оштетено.

„На 25.09.2024 во СВР Куманово било пријавено дека по завршување на фудбалски натпревар од втората фудбалска лига помеѓу екипите на Башкими и Беласица, на стадионот на Башкими, судиите биле попречувани да влезат во нивните службени соблекувални. По интервенција на полициските службеници, судиите влегле во соблекувалните, а откако го напуштиле  стадионот забележале дека возилото „фиат браво“ со скопски регистерски таблички, сопственост на еден од судиите, било оштетено. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, стои во полицискиот билтен.

Се вчитува...