Кошаркарите на Работнички стартуваа со убедлив пораз во новата сезона од регионалната АБА 2 лига. Во првиот свој натпревар од Групата Б, кошаркарите од Градски парк на домашен терен загубија од Сутјеска Никшиќ со 58-71.
Од самиот почеток на мечот црногорскиот тим јасно покажа до знаење дека е цврсто решен да дојде до победата преземајќи ја максималната контрола на играта и резултатот. Сутјеска ја доби уште првата четвртина со 16-22, а потоа следеше и втор период со 5-15 за цели 16 поени разлика на полувремето (21-37).
Во вториот дел сосема еднаква приказна за на крај победа од 58-71, и покрај тоа што македонскиот тим единствено во последниот период успеа да парира онака како што треба добивајќи го со 22-10, но само ублажувајќи го поразот.
Најефикасен во таборот на Работнички беше Робев со 13 поени, дополнети и со шест скока, Јовичиќ заврши со 12 поени, а Полутак постигна 10 поени. Вебстер беше најефикасен кај Сутјеска со 15 постигнати поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА