Митревски: Фала на навивачите што дојдоа, жалам што не им возвративме на вистински начин

Никола Митревски не го криеше разочарувањето по новото слабо издание на Е. Пелистер во Европа и убедливиот пораз на гостувањето против Динамо Букурешт. Според искусниот голман, мечот беше решен пред крајот на првото полувреме кога домаќините ги искористија грешките на македонскиот првак и успеаја резултатски да се одлепат…

„Честитки на домашниот тим, тие беа подобри на овој натпревар. Динамо знаеше како да ги искористи нашите грешки во нападот, постигна неколку лесни голови од контранапад во првото полувреме и да се одлепи резултатски. Откако разликата беше направена не можевме да се вратиме назад во натпреварот. Сакам да им се заблагодарам на нашите навивачи кои дојдоа во Букурешт за да ни дадат поддршка, беше убаво да се има две навивачки групи во салата, одлична спортска атмосфера. За жал, ние не одговориме на вистински начин, не им возвративме на навивачите за поддршката што ни ја дадоа“, изјави Митревски.

Следен предизвик за Е. Пелистер е големото македонско дерби против Вардар, што ќе се игра в сабота со почеток во 17.45 часот во СЦ „Јане Сандански“.

Се вчитува...