Јокиќ: Уживав играјќи за Србија на ОИ во Париз

Никола Јокиќ во последните години често беше критикуван од српската јавност поради недоаѓањето на репрезентативните собири за да биде дел од големите натпреварувања.

Тоа се промени летово откако Јокиќ ги мина целите подготовки,  потоа и беше лидер на Србија на настапот на ОИ во Париз каде нашиот северен сосед стигна до бронзениот медал.

„Навистина ужвав играјќи за репрезентацијата на ОИ во Париз. Да играш за своите пријатели, да ја претставуваш својата земја, родниот град семејството… тоа беше неверојатно искуство и секој играч кој има можност за такво нешто треба ја искористи шансата. Олимпските Игри беа сосема поинакво натпреварувања, во суштина, секој меч е важен, ако загубиш си одиш дома. Беше навистина многу, многу интересно“, истакна Јокиќ.

Србинот доби прашање да го спореди олимпискиот медал со шампионскиот прстен што пред две сезони го освои настапувајќи за Денвер нагетс.

„Тоа е истовремено и многу слично и многу различно. За мене лично е навистина специјално што ја донесовме првата шампионска титула во историјата на Денвер нагетс. Играњето за репрезентацијата буди единствено, навистина специјални чувства. Да играш со пријателите со кои се израснал, да се натпреваруваме сите заедно против најдобрите во светот, тоа беше непроценливо чувство“, прокоментира најдобриот центар во светската кошарка.

Се вчитува...