Хрватската легенда Мирза Џомба гостин на РК Алкалоид (ВИДЕО)

Мирза Џомба, иконата на хрватскиот ракомет го посети ракометниот клуб Алкалоид во Скопје и беше присутен на тренингот на првата екипа. Неговата присутност на тренингот беше инспиративна, а имаше и кратки средби и запознавање со ракометарите на македонскиот прволигаш.
Мирза Џомба е освојувач на златен медал од Светско првенство и Олимписки игри со легендарната генерација на хрватската репрезентација. Своевремено беше соиграч со нашата легенда и тренер на клубот Кирил Лазаров во хрватски РК Загреб и унгарски Веспрем.
ВИДЕО на дел од посетата на Џомба на следниот ЛИНК.

Се вчитува...