Директорот на Њукасл се повлекува од функцијата поради болест

Извршниот директор на Њукасл, Дарен Елс, ќе се повлече од функцијата во клубот откако му беше дијагностицирана хронична форма на рак на крвта, објавија од англискиот премиерлигаш.

52-годишниот Елс пристигна во Њукасл во јули 2022 година од МЛС тимот на Атланта Јунајтед каде што беше претседател и извршен директор од основањето на клубот во 2014 година.

За време на неговиот мандат на „Сент Џејмсис парк“, Њукасл стигна до финалето на Лига купот, домашно финале по 24-годишно чекање каде беше поразен од Манчестер Јунајтед. Исто така, Њукасл се врати во Лигата на шампионите во негово време.

Се вчитува...