Часови на „терор“ во Џенова: Повеќе од 50 повредени, полицијата се уште трага по хулиганите (ВИДЕО)

Градот Џенова се уште е во шок по страшните судири меѓу хулиганите од двете навивачки групи на Сампдорија и Џенова во Купот на Италија.

Второлигашот Сампдорија ја однесе победата по подоброто изведување пенали, против лутиот ривал и член на Серија А, но случувањата по улиците на градот по мечот засенија се што се случуваше на теренот.

Според последните информации има околу 50 повредени, но тој број не е конечен. Најмногу повредени има кај припадниците на полицијата, а официјално 12 хулигани се хоспитализирани со повреди.

„Часови на терор во Џенова“ – се насловите во италијанските медиуми овие два дена.

Интересно, на страната на хулиганите од Џенова се најдоа и навивачи на Олимпик Марсеј кои специјално за овој меч со поддршка за своите „браќа“ дошле во пристанишниот град во Италија. Па, и двајца Французи се уапсени за време на нередите.

Во меѓувреме полицијата продолжува со потрага по учесниците во немирите, прегледувајќи бројни видео снимки од безбедносните камери во близина на местата на инцидентите.

Се вчитува...