Џенова го пречекува Јувентус без своите навивачи

Натпреварот од шесттото коло во Серија А помеѓу Џенова и Јунветус кој е закажан за денеска со почеток од 18 часот ќе биде одигран без присуство на навивачи. Причина за тоа се немилите инциденти и дивеењето на хулиганите кое се случи по средбата помеѓу домаќинот и Сампдорија во среда по средбата во Купот на Италија.

Според последните информации повеќе од 50 лица се повредени, најмногу кај припадниците на полицијата па се огласи и италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Пиантедоси

„Тоа што се случи во текот на натпреварот помеѓу Џенова и Сампдорија нема врска со фудбалот и вредностите кои фудбалот ги носи. Неприфатливо е однесувањето на оние кои го користат стадионот со цел да шират немири. Имам сочувство до повредените полицајци“, изјави Пиантедоси.

Се вчитува...