Бонифејс: Не ја сакам Премиер-лигата

Голгетерот на Баер Леверкузен, Виктор Бонифејс кој претходната сезона докажа дека е од врвна класа имаше интересна изјава ставајќи ги шампионатите на Германија и Шпанија пред оној во Англија.

Нигерискиот напаѓач не ја отфрли можноста да заигра во Премиерлигата, но како што вели сака да игра во Шпанија, а добро се чувствува во Германија.

„Веќе кажав дека не сум некој голем фан на англискиот фудбал. Не ја сакам баш Премиерлигата. Многу ми се допаѓаат германскиот и шпанскиот фудбал. Еден ден би сакал да заиграм во Шпанија, затоа можеби и ќе го научам тој јазик.

Добро, не велам дека сигурно не би заминал таму доколку се појави некој озбилен, голем клуб и покаже интерес. Сепак мојата прва и втора опција остануват Германија и Шпанија“, откри Бонифејс.

Се вчитува...