Поранешниот тренер на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер призна дека трансферот на Кристијано Роналдо назад на „Олд Трафорд“ во 2021 година од Јувентус била грешка, но и дека бил реализиран со цел да се спречи негов потпис со градскиот ривал Манчестер Сити.
Роналдо не се прослави во вториот мандат на „Олд Трафорд“ во кој покрај од норвешкиот тренер беше предводен и од Ралф Рангник и Ерик тен Хаг со кој и ден денеска знае да си замери.
„Еден од најдобрите фудбалери на светот во последните 15 години. Играв со него. Играше за Јунајтед. Има историја со овој клуб. Заминува од Јувентус и не смееме да му дозволиме да премине во Манчестер Сити. Таму веројатно ќе постигнеше повеќе голови отколку што постигнува Ерлинг Халанд денеска. Разговаравме и дојде во Јунајтед. Мислам дека тоа ја расипа динамиката во соблекувалната. Некои фудбалери започнаа да се чувствуваат помалку важни“, откри Солскјер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА