На Синер сепак му се заканува суспенција?!

Светската антидопинг агенција (ВАДА) ја обжали одлуката на независниот суд кој го ослободи првиот тенисер на светот, Јаник Синер од вина само недела дена откако тој падна на допинг тест до Спортскиот арбитражен суд.

Заклучокот дека „нема вина и намера“ се противи со запишаните правила и Светската антидопинг агенција ќе бара суспензија без поништување на резултатите од допинг тестот.

Како потсетување, Синер во март оваа година доби два позитивни тестови на клостебол, забранет анаболик. Образложението беше дека тој не е виновен бидејќи без негово знаење, член на стручниот штаб му го нанел истото преку спреј на раката.

Одлуката на судот наиде на жестока реакција и во јавноста, како и од стана на одредени тенисери меѓу кои и Ник Кирјос.

Се вчитува...