Шекил О’Нил ја одбра најдобрата петорка во историјата на НБА, во неа нема место за Леброн Џејмс

Најдоминантниот центар во историјата на НБА лигата, Шекил О’Нил по крајот на играчката кариера влезе во медиските води каде со своите изјави често знае да го подели мислењето на јавноста.

Така беше и сега кога ја одбра идеалната петорка на сите времиња во која нема место за најдобриот поентер во историјата на најсилното кошаркарско првенство, Леброн Џејмс.

„Мајкл Џордан, Коби Брајант, Џулиус Ирвинг, Карл Малоун и јас“, изјави популарниот Шек па и го образложи својот одговор.

„Одредени играчи доминираат со лигата во различни точки во мојот живот. Како дете се дивеев на играчи како Ирвинг, Џоунс, Карим и Брд“

За О’Нил нема дилема. Најдобар на сите времиња е Мајкл Џордан.

„Тој е тој кој својот статус го потврди со успеси си кои малкумина можат да се мерат и влијанието кое го имаше на оваа игра во текот на својата кариера“

Се вчитува...