„Ни се допаѓа како Компани го предводи тимот“

Баерн Минхен изненади со изборот за нов тренер за сезоната 2024/25. По заминувањето на Томас Тухел се најавуваа звучни имиња во Минхен, но на крајот на „жешкото столче“ седна Венсан Компани, младиот белгиски стратег кој претходно го предводеше англискиот Барнли.

Белгиецот сепак се наметна како одличен тренер, а неговиот Баерн Минхен на стартот на сезоната знае само за победи што наиде на големо задоволство кај раководството на тимот за кое говореше претседателот Херберт Хајнер.

„Кога преговаравме со Компани, тој ни кажа дека сака Баерн да игра убав и напаѓачки фудбал, со многу голови. Сепак, тој нагласи дека не може се да се случи веднаш. Сигурно ни се допаѓа стилот кој го воведува Венсан.

Пријатно е да се гледа играта на тимот. Способни сме да постигнеме и пет или шест голa, дури и кога водиме убедливо. Има конкуренција и секој фудбалер знае дека мора да се труди и да се докажува постојано, да биде активен. Секако, најголемата заслуга за тоа е на тренерот“, вели Хајнер.

Се вчитува...