Белград важи за една од најтешките дестинации за гостување во Евролигата. За тоа се „виновни“ навивачите на Црвена Звезда и Партизан кои со фантастичната атмосфера им даваат „ветер в грб“ на своите миленици, а ја прават пеколно тешка задачата на противниците.
Сепак колку и да е пеколно гостувањето во главниот град на Србија, за многумина противници атмосферата во „Штарк Арена“ е омилена за натпреварување. Ова мислење го дели и легендата на грчката кошарка и Олимпијакос, Костас Папаниколау.
„Неверојатно е да играш во Белград. Тоа се два тима со фантастична атмосфера, фантастични навивачи и навистина е живање да играш таму. Тие два натпревари против Партизан и Црвена Звезда се натпревари во мои и можеби најмногу уживам во текот на сезоната“, вели Папаниколау.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА