Хернандез го престигна Малдини, Италијанецот му одговори со комплимент: Ти си специјален

Името Тео Хернандез ќе биде вечно испишано во историјата на Милан откако Французинот постигна гол во вчерашната победа од 3-0 на Лече и стана дефанзивецот со најголем број на постигнати голови за славниот италијански клуб, надминувајќи го легендарниот Паоло Малдини.

Хернандез по средбата изјави дека му е чест што го престигнал својот идол, а сега овој му возврати со комплимнет.

„Јас тоа го направив за 25 години, а тебе ти беа потребни само 5. Ти си специјален“, пиша Малдини во коментар на социјалните мрежи.

Левиот бек е дел од Милан од 2019 година и оттогаш се наметна како незаменлив во дресот на „росонерите“.

Се вчитува...