Ѓорческа сопрена во полуфиналето во Куршумлијска Бања

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа беше сопрена во полуфиналето на ИТФ фјучерсот 75 во Куршумлијска Бања.

Подобра од Ѓорческа беше домашната тенисерка Лола Радивојевиќ која славеше со 2-1.

Тај-брејот добиен со 7-2 и донесе предност на српската тенисерка во првиот сет, а Македонката одговори со одлична игра во вториот сет добивајќи го со 6-3, но немаше сили во одлучувачкиот сет забележувајќи пораз со 6-0.

Се вчитува...