Синер за жалбата на ВАДА: Изненаден сум и разочаран

Светскиот рекет број еден, Јаник Синер ја помина и втората пречка на турнирот во Пекинг совладувајќи го Роман Сафиулин со 2-1 (3-6, 6-2, 6-3) по што одвои време да говори и за последните информации поврзани со неговата кариера.

Италијанскиот тенисер се наоѓа пред нов правен предизвик откако ВАДА обложи жалба на одлуката на независниот суд да не му биде доделена суспензија да двата позитивни допинг теста.

„Не можеме да контролираме се, зар не? Јасно дека сум многу разочаран и воедно изненаден од таа жалба, да бидам искрен, бидејќи имавме три сослушувања и сите три завршија позитивно за мене. Знаете, не го очекував ова. Знаев вече неколку дена за жалбата и дека денес таа ќе биде официјализирана. Можеби само сакаат да се уверат дека е на своето место. Изненаден сум од жалбата“, вели Синер.

Се вчитува...