„Попрво би ја завршил кариерата отколку да го облечам дресот на Марсеј“

Мамаду Сако, упати отровна стрела кон својот поранешниот соиграч Адриен Рабио поради одлуката да потпише договор со Олимпик Марсеј.

Двајцата потекнуваат од Париз, и двајцата ја поминаа младинската школа на „светците“, а потоа и настапуваа за ПСЖ со што Сако смета дека потписот со големиот ривал е предавство кое самиот тој не би го ствроил, напротив би ја завршил кариерата.

„Како парижанец од мал, како играч кој го носел дресот на ПСЖ немаш право да го облечеш дресот на Марсеј. Како вистински парижанец попрво би ја завршил кариерата отколку да го облечам дресот на Марсеј. Говорам за себе“, вели Сако.

Се вчитува...