Шесттото коло од Втората македонска фудбалска лига не донесе бројни голови на фудбалските терени. На осум натпревари беа постигнати само пет голови.
Речиси половина од нив беа видени на натпреварот помеѓу Вардарски и Македонија ЃП каде минатогодишниот прволигаш славеше со 0-2.
До гостински триумф стигнаа Охрид кој славеше во Прилеп против Побега со 0-1, како и Башкими кој го доби гостувањето кај Вардар Неготино со идентичен резултат (0-1).
Домашниот терен го одбрани Осогово кој триумфираше со минимални 1-0 против Борец.
На средбите помеѓу Скопје и Брегалница, Кожув и Плачковица, Новаци и Беласица мрежите мируваа. Каменица САСА го совлада Арсими со 2-1.
И покрај ремито лидер на табелата останува екипата на Брегалница со 14 освоени бодови, со бод повеќе од сега второпласираната Македонија ЃП.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА