Рапсодија на Кол Палмер за историја: Четири голови за едно полувреме (ВИДЕО)

Кол Палмер ја продолжи фантастичната голгетерска низа и во новата сезона. Англискиот репрезентативец блеска во дресот на Челси, поготово на денешниот натпревар против Брајтон во кој постигна четири голови за едно полувреме и се запиша во историјата на Премиерлигата како прв фудбалер кој му поминато тоа од рака.

Палмер во 21. минута на асистенција на Џексон изедначи на 1-1, во 27. минута од пенал го доведе својот тим во водство од 2-1, а ја зголеми предноста на 3-1 со фантастичен слободен удар во 31. минута. Во 41. минута го круниса неверојатниот блесок со нов гол, овој пат на асистенција на Санчо.

Со четирите голови на Палмер, Челси на полувремето има предност од 4-2.

Се вчитува...