Успешна презентација на европските младински Олимписки игри Скопје 2025

Во Будва, Црна Гора денеска Претседателот на Европските олимписки комитети (ЕОК), Спирос Капралос и делегатите од 50 Европски олимписки комитети како многу успешна ја оценија презентацијата на претседателот на МОК, Даниел Димевски за сето она што досега е сработено и за сето она што се планира да се направи во однос на одличната организација на Европските младински Олимписки игри Скопје 2025.

И покрај касното доделување на организацијата на игрите на МОК од страна на ЕОК (октомври 2023), иако вообичаено е тоа да биде 4 години пред одржувањето на игрите, МОК успеа за кратко време да ги исполни сите барања на ЕОК, посебно во однос на поставување на одговорните лица на спортските објекти од соодветните спортови како и поставување на системот на натпревари согласно правилата на ЕОК и на Европските спортски федерации. Беа презентирани и логото и предлозите за маскоти на игрите како и распоредот на натпревари, сместувачките капацитети, транспортниот систем, планот за волонтерскиот сектор како и спортскиот програм.

На овој настан во организација на ЕОК се дебатираше и за завршените Олимписки игри ПАРИЗ 2024, Олимпискиот план и програм за периодот 2024-2028, оддржливоста и родовата еднаквост во спортот, како и за користење на вештачката интелегенција во спортот.

Следното Генерално собрание на ЕОК ќе се одржи во Франкфурт, Германија во Март 2025 година.

Се вчитува...