Куманово стигна до првата победа во сезоната откако во 4. коло од Суперлигата славеше на домашен терен против Струга со убедливи 35-18.
Кумановци беа подобриот противник од самиот старт на средбата, мини сериите постојано им носеа зголемување на предноста на домаќинтие па на полувремето резултатот гласеше 17-9.
Ритамот на Куманово продолжи и во вторите 30. минути за двоцифрена предноста која не беше испуштена до самиот крај на средбата.
Со 10 голови Мораис беше лидер на Куманово, а него го следеше Димевски со 7 голови. Прво име кај Струга беше Џигероски со 5 голови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА