Македонија и парираше на Австрија, но претрпе пораз во првата контрола

Македонската женска ракометна репрезентација претрпе пораз од 30-25 од Австрија во првиот пријателски натпревар со еден од домаќините на ЕП 2024.

Првото полувреме го одбележа изедначената игра за реми од 16-16, а играта „гол за гол“ продолжи и во второто полувреме се додека Австријките со серија од три гола не стигнаа до предност од 24-21. Македонија успеа минимално да го намали заостатокот, но немаше сили за целосен камбек па победата им припадна на Австрија.

Вториот пријателски натпревар ќе биде одигран утре со почеток од 14 часот и 45 минути.

Се вчитува...