Вардар покажа како се игра дерби, Пелистер заборави да победува (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Вардар го покажа сиот свој квалитет на денешното дерби со Пелистер водејќи од почеток до крај и заслужено земајќи го скалпот на актуелниот шампион.

Тренерот Недановски изјави дека верува во својот тим, а тоа се докажа на терен. „Црвено-црните“ одиграа одлично прво полувреме, а во второто знаеја како да ја задржат предноста и заслужено се радуваа.

Од друга страна, пелистерци како да заборавија како се победува на значајни натпревари. Ако поразите во ЛШ веќе и не се бројат, битолчани сигурно се разочарани од резултатите на домашната сцена. Прво поразот од Алкалоид во Суперкупот, а потоа и од денешниот против Вардар.

Јасно е дека кај битолчани мора нешто да се менува, останува да се види дали е тоа во стручниот штаб или играчкиот кадар.

 

Се вчитува...