Никој како Лео Меси: Постигна гол и урна рекорд

Аргентинскиот фудбалер и член на Интер Мајами, Лионел Меси, вчера постигна гол за својот тим во ремито 1-1 против Шарлот во американската МЛС Лига.

Меси даде гол за израмнување, откако гостинската екипа имаше предност. Аргентинецот успеа да израмни само 10 минути после негативата.

Со овој погодок, Меси сруши еден рекорд. Тој стигна до бројката 841 гол и стана играч кој најбрз дошол до оваа бројка на голови, односно со најмалку одиграни натпревари.

Се вчитува...