Хорхе Мартин најбрз на трката во Индонезија

Хорхе Мартин од Прамак Дукати победи на трката за Големата награда на Индонезија. Мартин ја задржа пол-позицијата од која стартуваше, а како втор заврши Педро Акоста, додека подиумот обезбеди актуелниот шампион Франческо Бањаја.

Ова е трета победа за Мартин во сезоната, а со неа успеа да му побегне на Бањаја со 21 поен во генералниот пласман.

Инаку, моторот на осумкратниот светски шампион Марк Маркез се запали во 12-от круг, па тој мораше да се повлече.

Следната трка е следниот викенд во Јапонија.

Се вчитува...