Ливаковиќ тргнува по стапките на Елиф Елмас

Моментално првиот голман на Фенербахче и на хрватскиот национален тим, би можел во јануари да го напушти турскиот тим и да се пресели во Серија „А“. Како што наведуваат турските медиуми, тој наскоро би можел да стане нов голман на Наполи, од кого има интерес.

Наполи нема да го продолжува договорот со 27-годишниот Алекс Мерет, кој на крајот на сезоната ќе стане слободен агент, па на негово место ќе дојде Ливаковиќ. Се истакнува дека италијанскиот клуб веќе подготвува понуда за Хрватот.

Ливаковиќ има договор со Фенербахче до 2028 година. Во моментов неговата вредност изнесува околу 11 милиони евра.

Замине ли во Наполи, Ливаковиќ ќе тргне по стапките на Елиф Елмас, кој од Фенербахче се пресели во Наполи, а сега игра во Лајпциг.

Се вчитува...