Легендарниот Алекс Фергусон: Меси никогаш не може да го направи тоа што може Роналдо

И покрај тоа што ниту Кристијано Роналдо, ниту Лионел Меси веќе подолго време не се на врвот на кариерата, светската дебата за тоа кој е подобар од двајцата не престанува. Секогаш ќе има такви кои го сакаат Роналдо повеќе од Меси и обратно, но мора да им се оддаде голема почит за се што му дале на фудбалот. И кој е подобар?

Легендарниот Сер Алекс Фергусон верува дека сепак тоа е Кристијано Роналдо, објасни зошто. Тој рече дека и покрај тоа што го нема освоено трофејот на Светското првенство, во еден сегмент Португалецот е далеку подобар од својот ривал.

„Многу луѓе со право велат дека Меси е најдобар играч на светот, и вие не можете да го демантирате тоа. Но, Роналдо може да игра во било кој клуб, на пример во Милвол, Квинс Парк Ренџерс, Донкастер, и да постигне хет-трик. Меси, мислам, дека тоа не би можел. Роналдо игра со двете нозе, одличен е во игра со глава и храбар е. Меси е храбар, но Меси не би можел да игра толку тимски како Роналдо, кој е совршен фудбалер“, рече Фергусон.

Се вчитува...