Рома со пресврт ја победи Венеција, Комо слави против Верона (ВИДЕО)

Фудбалерите на Рома потешко од очекувањата дојдоа до победата над Венеција со 2-1, откако имаа негатива до 74. минута од средбата. Меѓутоа со два брзи гола, „волчицата“ успеа да го „изеде“ гостинот, кој на крајот мораше да го „положи оружјето“.

Финскиот фудбалер Похјанпало ги шокираше домашните навивачи откако во 44. минута донесе предност за својата екипа.

Кристанте во 74. минута успеа да донесе израмнување, а Писили во 83. минута се погрижи и за предност за домашните, кои на крајот се одбранија и дојдоа до трите бода, и втора победа под водство на новиот тренер Иван Јуриќ.

До триумф дојде и Комо кој ја совлада Верона со 3-2. Куртоне во 43. минута од средбата му донесе предност на Комо, а потоа Лазовиќ од пенал израмни во 53. минута. Кутроне во 72. минута се погрижи за ново водство на домаќинот, за Белоти во 89 минута го однесе Комо и на два гола предност (3-1).

Во финишот Ламбурде само го ублажи поразот.

Се вчитува...