Тадеј Погачар оствари историски успех во велосипедизам

Словенечкиот велосипедист Тадеј Погачар (26) стана светски шампион на друмската трка во Цирих, Швајцарија. На патеката долга 274 километри, Погачар се одвои од другите на последните 50 километри и постигна историски успех за словенечкиот велосипедизам, кој за првпат го освои светското злато.

Погачар ја мина целта 34 секунди пред сребрениот Австралиец Бен О’Конор и 58 секунди пред минатогодишниот холандски шампион Матје ван дер Поел.

Ова е 86-та победа за Погачар и една од најголемите и најважните во кариерата. Само оваа година победи на 23 трки и стана само третиот велосипедист во историјата кој ја освоил познатата тројна круна во една сезона со победи во Италија, Франција и СП. Само Белгиецот Еди Меркс (1974) и Ирецот Стивен Рох (1987) успеаја да го направат тоа претходно.

Се вчитува...