Нов дебакл за Ерик тен Хаг, Тотенхем со лекција на „Олд Трафорд“ (ВИДЕО)

Нов убедлив пораз на Манчестер Јунајтед на свој терен. Тотенхем си заминува со три бода откако успеа со 0-3 да го порази тимот на „Црвените ѓаволи“.

Џонсон уште во 3. минута од средбата успеа да донесе предност за гостинот. Победата на Тотенхем се доближуваше во 42. минута кога Јунајтед остана со играч помалку по црвениот картон на Бруно Фернандеш.

Тоа го искористи Дејан Кулушевски во 2. минута од вториот дел кога успеа да го совлада Онана за 0-2. Соланке во 77. минута ја запечати катастрофата на Јунајтед.

После овој пораз Ерик тен Хаг веројатно ќе биде сменет од позицијата.

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...