Бутел на крилата на Узунчев го совлада Радовиш

Екипата на Бутел успеа да триумфира на гостувањето во Радовиш. Скопскиот тим славеше со 37-28. Предноста ја направија многу брзо, стигнаа до двоцифрена разлика, и потоа само ја одржуваа.

Бутел на стартот од вториот дел ја направи разликата, од која веќе немаше враќање. Во првото полувреме максималната разлика која Бутел ја имаше беше пет голови.

Херој на мечот беше Димитар Узунчев кој постигна 14 голови, и беше најефикасен на средбата.

Се вчитува...