Дејан Георгиевски со медал ја отвори новата сезона

Најдобриот македонски таеквондист Дејан Георгиевски, со сребро ја отвори новата сезона. Тој денеска во Тирана Г1 Опен го освои среброто.

Георгиевски оствари две победи на турнирот, откако ги совлада Насо од Италија, а потоа и Плонис од Белорусија. Тој во финалето загуби од грчкиот натпреварувач Сотирос. Во финалето се бореше и со мала повреда, но на крајот загуби тесно.

Георгиевски претходно во квалификациите за ЛОИ во Париз, загуби токму од Плонис, и практично му се реваншираше за тој пораз.

Се вчитува...